|
Обука за раководење и развој на човечки ресурси „Оваа ми е втора обука од МЦМС во која ја имав ретката можност да бидам ко-обучувач и непосредно да учествувам во целиот процес на обуката. Ова искуство за мене беше неверојатен предизвик во однос на обогатување и продлабочување на досега стекнатите знаења и соодветно пренесување на истите на учесниците. Воедно отворање на нови перспективи за потемелни согледувања на можностите за имплементација на компонентите на раководењето со човечки ресурси“ , ни кажа Весна Димовска, учесник на обуката. |
Продолжуваат активностите во Општина Карбинци “Целта на нашата заедница на овие форуми е најпрво да се запознаат сите присутни со проблемите со кои се соочуваат граѓаните од целата општина, а како крајна цел е да се постигне решавање на истите “ – изјави Весна Николовска жител на с.Долни Балван. |
Обука за односи со јавноста Оспособување на вработените во општините “Среќен сум што бев дел од обуката. Истата ќе најде голема примена на моето работно место, затоа што таму потребата од изработка на прес соопштенија и прес конференции е голема. Исто така ќе имам корист и во секојдневната комуникација со граѓаните“, ни изјави Влатко Анастасоски, раководител на одделение за локален и економски развој во општина Прилеп. |
Започна со работа инфо линијата КАКВИ СЕ ВАШИТЕ ИСКУСТВА ОД БАРАЊЕТО ВИЗА? Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес, 10 јуни 2008 година, во Холидеј ин во Скопје одржа прес конференција на која информираше за проектот за набљудување на визното олеснување во Македонија. Граѓаните можат да се јават на 02/3065 381 (локал 182 и 252) или да испратат e-mail на: vizainfo@mcms.org.mk. |
МЦМС организира обука за Односи со јавноста Во програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Обука за градење на капацитети на локалната самоуправа, МЦМС организира обука за: Односи со јавноста 17- 19 јуни 2008, хотел Континентал - Скопје |
| |
Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Во програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Обука за градење на капацитети на локалната самоуправа, МЦМС организира обука за: Вовед во Инструментот за претпристапна помош (ИПА) 12- 13 јуни 2008, хотел Континентал - Скопје |
| |
Основна обука за недискриминација Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира основна обука за недискриминација. Обуката ќе се одржи во Скопје од 10 до 12 јуни 2008 година.
 |
МЦМС Унапредете го вашето знаење и вештини Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) обезбедува образование на возрасни и ви нуди можност да го надградите вашето формално образование, да стекнете дополнителни знаења, квалификации и вештини, да го зголемите вашиот потенцијал за развој на кариерата и да ја зголемите вашата вредност на пазарот на трудот.  |
МЦМС ги започна овогодишните ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ Од 20 до 23 мај оваа година ќе бидат организирани Отворените денови на МЦМС. Во овие три дена МЦМС ќе ги презентира постигнувањата од претходната година и планот за следната година. |
МЦМС објавува Повик за експерти МЦМС има потреба од двајца експерти кои ќе бидат ангажирани за подготовка на Поимник и спроведување на обука за антидискриминација |
Изјава на граѓански организации И МАКЕДОНИЈА И ЕВРОАТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Хуманитарната организација Ел Хилал, Полио Плус – движење против хендикеп, Националниот совет на жените на Република Македонија (НСЖМ - СОЖМ), ХДЗР Месечина, Здружението на граѓани ОХО и Асоцијацијата за демократски алтернативи (АДИ) го изразуваат своето мислење за овој период на одлука за евроатлантската интеграција на Македонија со заедничкиот став: „И Македонија и евроатлантски интеграции“. Наместо дилемите „или – или“ потребно е да се фокусираме на постигнување на зачувување на името и покана за НАТО членство. |
Изјава за ограда од финансиска поддршка Со новата стратешка ориентација за 2007-2011 година, МЦМС не одобрува финансиската поддршка (грантови, донации). МЦМС, по исклучок, ќе ја користи финансиската поддршка како пристап и во тој случај ќе упати јавен или ограничен повик за предлози на проекти. |
Потпишани договорите за новата фаза МЦМС ќе спроведува дел од програмата „Форуми на заедниците“ МЦМС потпиша договорот со Швајцарската агенција развој и соработка и општината Карбинци за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“. Освен МЦМС, оваа фаза од програмата ќе ја спроведуваат и Центарот за институционален развој (ЦИРа) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ). Освен во Карбинци, програмата ќе се спроведува и во општините Чаир, Струмица, Чашка и Дебар. |
Ден на дрвото МЦМС садеше на Матка МЦМС активно се вклучи во акцијата „Засади дрво – засади ја својата иднина“. Покрај засадувањето на неколку стотини садници, МЦМС ја помогна акцијата и со набавка на моторни дупчалки со кои се подготвуваше теренот за засадувањето. Моторните дупчалки беа донација за Македонски шуми. Висината на донацијата изнесува 365,000 МКД. Големиот број граѓани кои излегоа на локациите каде што се садеа садниците покажува дека македонските граѓани, кога ќе бидат поттикнати, ја покажуваат својата општествена одговорност. |
ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА МЦМС и ЦИРа ве покануваат на промоцијата на три изданија од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации. Промоцијата ќе се одржи на 19 февруари 2008 г., (вторник) во хотелот „Континентал“ во Скопје со почеток во 11 часот. |
Истражување МЦМС не мереше рејтинзи на политички партии Македонскиот центар за меѓународни истражувања (МЦМС) упати апел до политичките партии да не го употребуваат или оспоруваат извештајот за утврдување на партиски рејтинзи, бидејќи тој не е наменет за тоа |
|
|
|