|
МЦМС објавува Повик за експерти МЦМС има потреба од двајца експерти кои ќе бидат ангажирани за подготовка на Поимник и спроведување на обука за антидискриминација |
Унапредете го вашето знаење и вештини Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) обезбедува образование на возрасни и ви нуди можност да го надградите вашето формално образование, да стекнете дополнителни знаења, квалификации и вештини, да го зголемите вашиот потенцијал за развој на кариерата и да ја зголемите вашата вредност на пазарот на трудот.  |
Изјава на граѓански организации И МАКЕДОНИЈА И ЕВРОАТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Хуманитарната организација Ел Хилал, Полио Плус – движење против хендикеп, Националниот совет на жените на Република Македонија (НСЖМ - СОЖМ), ХДЗР Месечина, Здружението на граѓани ОХО и Асоцијацијата за демократски алтернативи (АДИ) го изразуваат своето мислење за овој период на одлука за евроатлантската интеграција на Македонија со заедничкиот став: „И Македонија и евроатлантски интеграции“. Наместо дилемите „или – или“ потребно е да се фокусираме на постигнување на зачувување на името и покана за НАТО членство. |
Изјава за ограда од финансиска поддршка Со новата стратешка ориентација за 2007-2011 година, МЦМС не одобрува финансиската поддршка (грантови, донации). МЦМС, по исклучок, ќе ја користи финансиската поддршка како пристап и во тој случај ќе упати јавен или ограничен повик за предлози на проекти. |
Потпишани договорите за новата фаза МЦМС ќе спроведува дел од програмата „Форуми на заедниците“ МЦМС потпиша договорот со Швајцарската агенција развој и соработка и општината Карбинци за спроведување на програмата „Форуми во заедниците“. Освен МЦМС, оваа фаза од програмата ќе ја спроведуваат и Центарот за институционален развој (ЦИРа) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ). Освен во Карбинци, програмата ќе се спроведува и во општините Чаир, Струмица, Чашка и Дебар. |
Ден на дрвото МЦМС садеше на Матка МЦМС активно се вклучи во акцијата „Засади дрво – засади ја својата иднина“. Покрај засадувањето на неколку стотини садници, МЦМС ја помогна акцијата и со набавка на моторни дупчалки со кои се подготвуваше теренот за засадувањето. Моторните дупчалки беа донација за Македонски шуми. Висината на донацијата изнесува 365,000 МКД. Големиот број граѓани кои излегоа на локациите каде што се садеа садниците покажува дека македонските граѓани, кога ќе бидат поттикнати, ја покажуваат својата општествена одговорност. |
ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА МЦМС и ЦИРа ве покануваат на промоцијата на три изданија од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации. Промоцијата ќе се одржи на 19 февруари 2008 г., (вторник) во хотелот „Континентал“ во Скопје со почеток во 11 часот. |
Истражување МЦМС не мереше рејтинзи на политички партии Македонскиот центар за меѓународни истражувања (МЦМС) упати апел до политичките партии да не го употребуваат или оспоруваат извештајот за утврдување на партиски рејтинзи, бидејќи тој не е наменет за тоа |
Оглас ФИНАНСИСКИ СОВЕТУВАЊА ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ Во актуелниот момент кога во контекстот брзо се случуваат промените, еден од основните услови за преживување на организациите е да развијат разбирање и доверба кон користењето на алатките за финансиско раководење. Не губете го чекорот. |
Истражување за општествената одговорност на граѓаните НИЗОК ЈАВЕН ДУХ И ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ОД ДРЖАВАТА Македонскиот центар за меѓународна соработка на 29 јануари 2008 година го промовираше извештајот од истражувањето „Општествена одговорност на граѓаните“. Освен општествената одговорност, извештајот го анализира јавниот дух, учеството во непартиските политички активности, волонтерската активност во заедницата, учеството и активноста на граѓаните во организациите на граѓанското општество и добротворните прилози. |
Покана за промоција ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 29 јануари 2008 година (вторник), во 11 часот, во Клубот на новинари ќе го промовира извештајот од истражувањето за „Општествената одговорност на граѓаните“. |
КОНКУРС За доделување грантови за истражувачки публикации Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на програмата “Институционален развој “ ќе поддржи публикување на 7 магистерски трудови кои ќе обработуваат прашања од областа на граѓанското општество. |
Кампања: Еден до друг – различни, а еднакви Иницијатива на граѓански организации за недискриминација Денес, 9 декември 2007 година, во 2007 година Европска година за еднакви можности на сите, пред 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, повеќе граѓански организации одржаа прес конференција на која беше промовирана заедничката иницијатива за недискриминација „Еден до друг – различни, а еднакви“, чии цели се јакнење на свеста за недискриминација и концептот на еднакви можности, донесување на општ Закон за недискриминација и формирање на независна комисија/тело за заштита на човековите права.
 |
На 16 и 17 ноември НВО САЕМ 6 ФОРУМ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО Шестиот по ред НВО Саем - Форум на граѓанското општество ќе се одржи на 16 и 17 ноември 2007 година на Скопскиот саем во халите 2 и 3. Носечката тема на Саемот е „Еднакви можности за сите“. Пријавувањето за овој најголем настан на граѓанското општество во Македонија веќе започна. Сите детали и формулари за пријавување можете да ги најдете во оваа информација |
Истражување: „Довербата во граѓанското општество“ НИСКА ОПШТА ДОВЕРБА И ПОДЕЛЕНА ДОВЕРБА ВО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ Македонскиот центар за меѓународна соработка на 10 октомври 2007 година, во хотелот Холидеј ин во Скопје го промовираше извештајот од истражувањето „Довербата во граѓанското општество“. Ова истражување, МЦМС го спроведува по втор пат. Извештајот е резултат на потребата да се провери колкава е довербата на граѓаните во граѓанските организации. Освен довербата во граѓанскиот, со анкетата беше проверена и довербата во другите два сектори, државниот и приватниот (деловниот). Анкетирањето е направено во јули оваа година на репрезентативен примерок од 1601 испитаник |
Најава на промоција на истражувањето ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 10 октомври 2007 година, во 11 часот, во хотелот Холидеј ин ќе го промовира извештајот од истражувањето за Довербата во граѓанското општество |
Се одржа првата обука за ДОБРО УПРАВУВАЊЕ Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), на 28 септември, во хотелот Континентал, ја промовираше новата обука „Добро управување – зголемена оддржливост“ наменета за граѓанските организации во Македонија. На промоцијата, на присутните, им се обратија Сашо Клековски, Извршен директор на МЦМС, Елвис Али, таск менаџер во Европската агенција за реконструкција и Сузана Никодијевиќ-Филиповска раководител на секторот за анализа на политики и координација при Генералниот секретаријат на Владата на РМ. |
|
|
|