Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Расте недовербата и нетолерантноста кон различни групи
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

doverba-vo-go-2008Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општата доверба, довербата во институциите и довербата во граѓанското општество. Во ова соопштение ви го презентираме вториот дел од истражувачкиот извештај кој се однесува на (не)толеранцијата кон одредени групи луѓе.

Истражувањето покажа дека во Македонија е во пораст недовербата и нетолерантноста кон различни групи. Во однос на претходната година за сите групи, освен за лицата зависни од алкохол и за жртвите на насилство, резултатите покажуваат зголемена нетолерантност.

Големо мнозинство од испитаниците не сакаат соседи кои се зависници од дрога (93,1%), зависници од алкохол (85%), лица заболени од сида (84,7%) и хомосексуалци (83,1%). Мнозинството не ги сакаат за соседи жртвите на насилство (58,6%) и Ромите (52,6), додека  малцинство не сакаат да живеат покрај имигранти/странски работници (36,5%). Мало малцинство од испитаниците не сакаат соседи да им бидат луѓе од друга вера (30,6%), луѓе од друга етничка припадност (30,2% и невенчани парови кои живеат заедно (28,2%).

Разликата меѓу друга етничка припадност и Ромите е на истото ниво како и претходната година што укажува дека  поголемата стигматизација кај Ромите сеуште е присутна.

Споредено со претходната година, нетолеранцијата кон сите групи освен кај луѓето зависни од алкохол и кај жртвите на насилство е во пораст. Бројот на оние што не секаат соседи од друга етничка припадност се зголемил за 4,3% (од 25,9% на 30,2%), кај оние што не сакаат соседи од друга вера за 3,4% (од 27,2% на 30,6%) , а најголемо зголемување има кај оние што не ги сакаат за соседи имигрантите/странските работници – 18,8% (од 17,7% во 2007 на 36,5% во 2008 година).

За сите групи, освен за лицата зависни од дроги постојат социодемографски разлики.

Повеќе информации за истражувањето можете да добиете тука или во МЦМС кај Гонце Јаковлеска (02) 3065 381 (локал 142) или на 070/252 081.

Прв дел од истражувачкиот извештај .

 

Google Translation

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

18 години МЦМС
ИНФОГРАФИК
ИСТОРИЈА | СТАТИСТИКА

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity