Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Обука: „Вклучување на јавноста во процесите на изработка на закони“
Friday, 13 May 2011 11:25
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со МЦМС ја има честа да ве покани да учествувате на основната обука: „Вклучување на јавноста во процесите на изработка на закони“. Обуката ќе се одржи во Маврово во хотел Алпина од 26 до 28 мај 2011 година.

Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на претставниците на граѓанските организации за достапните алатки за вклучување на јавноста во процесите на изработка на политики и закони и како истите да ги искористат најефикасно. Обуката е дел од проектот кој цели кон придонесување кон развојот на ефикасни и транспарентни механизми за владеење на правото.

Обуката ќе се состои од неколку компоненти како што се: што е политика, вовед во циклусите на донесување на политики, фазите во циклусите на донесување на политики, РИА, фазите во подготовка на законите, консултативните процеси за време на изработката на законите, како и техники за пишување на закони.

Основната обука е наменета за претставниците на граѓанските организации кои немаат искуство во учеството во законодавните процеси.

Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата и да ја испратат на следнава е-маил адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Рок за пријавување е 19 мај 2011 година, до 16 часот.

Преземете ја   пријавата и   официјална покана.

 

Google Translation

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Обука: „Вклучување на јавноста во процесите на изработка на закони“