Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Наскоро Стратегиja за соработка на општинa Битола со граѓанскиот сектор
Tuesday, 15 November 2011 17:23
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Заокружен е консултативниот процес на подготовка на стратегија за соработка со граѓанските организации во општина Битола. Формирана е работна група и направени се консултации преку форуми.

IMG 2146

Работната група составена од по двајца претставници на општината и граѓанските организации одржа четири состаноци. Со помош на експертите подготвена е - предлог Стратегија за соработка на општината со граѓанскиот сектор и поддршка на неговиот развој. Предлогот е претставен на двата форуми, а присутните имаа можност да дадат придонес преку работа во групи и отворени дискусии за предложените очекувани резултати, за активностите и за временската рамка. Вкупно 52 претставници на граѓанските организации и советот на општина беа присутни на двата форуми.

„Општина Битола гради долгорочни односи со граѓанските организации и ги вклучува во креирањето на локалните политики, а соработката со нив за различни прашања од интерес на општината е од особена важност", изјави Силвана Ангелевска, Претседателката на Советот на општина Битола давајќи поддршка на процесот.

IMG 2156

Стратегијата покрај унапредување на постоечките и развивање на новите механизми за соработката помеѓу општината и граѓанскиот сектор, предвидува и мерки за поддршка на развојот на граѓанскиот сектор и неговата одржливост. Се очекува Стратегијата да биде усвоена од Советот на општина Битола во декември 2011.

Подготовката на стратегиите е дел од проектот„Граѓански дијалог на локално ниво" финансиран од Европската Унија од ЕИДХР.

 

Google Translation

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Наскоро Стратегиja за соработка на општинa Битола со граѓанскиот сектор