Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Право да се биде слушнат: Политиката за проширување на ЕУ и ГО во западен Балкан
Thursday, 24 September 2009 11:51
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) во партнерство со Апродев организираше работилница под наслов „Право да се биде слушнат: Политиката за проширување на ЕУ и граѓанското општество во Западен Балкан“. Работилницата се одржа на 10 септември 2009 г. во Брисел и на неа присуствуваа 42 претставници на локалните граѓански организации од Балканот, Европската комисија, Европскиот парламент, ЕУ мрежите како и на националните власти и меѓувладините организации од регионот.

Право да се биде слушнат: политиката за проширување на ЕУ и ГО во западен Балкан

Целта на работилницата беше да се разговара за тековните предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и како ГО можат да придонесат за пронаоѓање решенија за нив. Поконкретно, во фокусот на агендата беше ИПА механизмот за граѓанско општество, кој што е главниот механизам за финансирање на Европската комисија за поддршка на развојот на граѓанското општество во потенцијалните и земјите кандидатки за членство во Унијата и Принципот за ИПА партнерство, кој ги поставува правните основи за вклучување на актерите на граѓанското општество во ИПА програмата, нејзиното спроведување и евалуација. Во оваа прилика беше презентиран и дискутиран нацрт стратешкиот документ „Успесите и неуспесите на претпристапната политика на ЕУ за Балканот: Поддршка за граѓанското општество“.

На 9 септември беше одржан и неформален состанок меѓу претставниците на локалните ГО од балканскиот регион и ЕУ платформите со цел да се споделат искуствата во однос на работата на ГО и мрежите во контекст на претпристапувањето и пристапувањето кон ЕУ. Првиот панел беше „Граѓанското општество партнер во креирањето политики и донесувањето одлуки: научени лекции на национално и ЕУ ниво“, додека вториот панел беше посветен на „Улогата на граѓанското општество во претпристапниот период: научени лекции од 5-то, 6-то и идните проширувања.“

Главните заклучоци и препораки од неформалниот собир беа следниве:

  • развојот на механизмите за граѓански дијалог не е прашање со кое се соочуваат само земјите во претпристапниот контекст, туку со многу слични предизвици се соочуваат и секторите во веќе докажаните демократии и традиции во Европа;
  • иако ЕУ претставува рамка за соработка, таа може да биде ограничувачка во смисла на заедничките активности (ако се финансирани од ЕУ) и влијанието врз политиките и ЕУ институциите (земјите во процес на пристапување наспроти оние во претпристапен период). Меѓутоа, за граѓанскиот сектор, контекстот на ЕУ не е ограничувачки бидејќи соработката постои во поширок европски контекст, премостувајќи ја поделеноста на ЕУ. Таков пример е соработката во Советот на Европа и мрежата ЕННА;
  • кога не постои или нема развиен дијалог, словенечкиот случај покажува дека новите модели (преку информатичката технологија) може да придонесат за позитивна (иако не е рамка или систем) соработка и заеднички придобики. Сепак, случајот со Србија покажува дека дури и кога постојат позитивни примери на соработка и ангажираност, политичката волја има пресудна улога за да се заокружи процесот на ангажман;
  • Процесот на ЕУ интеграција може да биде инструментален, но не од пресудно значење или пак да има неповратен ефект (случајот со Романија) за подобрување на механизмите за граѓански дијалог и нивното функционирање.

Формалниот дел од работилницата што се одржа на 10 септември беше поделен на три панели. Првиот панел „Политиката за проширување на ЕУ – меѓу надворешна зависност и регионална сопственост“ ги идентификуваше тековните предизвици во регионот и беше разговарано како граѓанскиот сектор може да се осврне на овие предизвици. Венера Хајрулаху од Косовската фондација за граѓанско општество и член на Одборот на БЦСДН, зборуваше пред панелистите за фактот дека политиката за проширување на ЕУ постојано се соочува со предизвици и затоа од перспектива на регионот изгледа прилично нестабилна и непредвидлива.

За повеќе информации посетете го официјалниот сајт.

 

Google Translation

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

New

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Право да се биде слушнат: Политиката за проширување на ЕУ и ГО во западен Балкан