Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Прв извештај од интегрираниот мониторинг за изборите „Мојот избор 2011“
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Автори: Миша Поповиќ, Илина Мангова, Весна Никодиноска, Петрит Сарачини
Дата: мај 2011 година
PDF  prv-izvestaj-od-integriraniot-monitoring-za-izborite-mojot-izbor-2011.pdf

prv-izvestaj-od-integriraniot-monitoring-za-izborite-mojot-izbor-2011-Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. започнаа повеќе заеднички активности за вонредните парламентарни избори, кои вклучуваат истражувања, набљудувања на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето.

Дел од активностите предвидени со мониторингот се извештаи за текот на изборната кампања, работата на изборната администрација, како и извештај од мониторингот на медиумите. Деловите за изборната администрација и политички кампањи се подготвени од и се одговорност на Институтот за демократија, додека делот за мониторинг на медиумите е подготвен и е одговорност на Македонскиот институт за медиуми.

Во мониторингот на медиумите се вклучени 13 медиуми, од кои седум се комерцијални телевизии на државно ниво - А1, Канал 5, Сител, Телма и Алсат-М (на македонски и на албански јазик), како и два канала на Јавниот сервис МТВ1 и МТВ 2 (програмата на албански јазик). Кај телевизиите се мониторира едно издание на вестите во ударниот термин од 17.00 до 24.00 часот, како и дебатни емисии и интервјуа. Примерокот ги опфаќа и весниците Дневник, Време, Вечер, Нова Македонија, Утрински весник и Коха (на албански јазик). Податоците се собираат преку комбинација на квантитативни и квалитативни истражувачки инструменти. Во истражувањето учествуваат 12 монитори, двајца истражувачи-аналитичари, еден контролор и еден истражувач - лидер на тимот. Истражувањето треба да покаже дали медиумите известуваат непристрасно и избалансирано, дали ги пренесуваат информациите точно и објективно, дали употребуваат или пренесуваат говор на омраза или „недоличен“ јазик, дали мешаат вести и коментар, факти и сопствено мислење. Се мониторира и дали медиумите промовираат култура на говорот и етиката, дали се впуштаат во непримерна комуникација со јавноста и дали го користат медиумот за пресметка со личности, вклучувајќи ги и колегите-новинари.

Финалниот извештај од интегрираниот изборен мониторинг ќе биде објавен во текот на јуни и ќе вклучува оценка за изборниот процес во целина.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications