Само во претходните две години МЦМС со приватни донации успеа да овозможи подобри услови за работа на 1.544 ученици и 219 наставници во руралните средини во Македонија.
Овогодишните активности ќе им го олеснат одвивањето на образованието на уште 837 ученици и 96 наставници во основните училишта во руралните средини во Македонија.
Донирајте и вие за подобри услови во училиштата! Со вашата донација ќе се зголеми бројот на ученици кои учат во достоинствени услови.
Вашата донација можете да ја уплатите на жиро-сметка: 270048782560596, ИК Банка

Во училиштето во Конче, направена е демонтажа на старите и поставување на нови прозорци и врати. „Син ми е одушевен од промените“, вели Данче Костадинова, „прозорците им биле поубави и од тие дома“, раскажува таа со насмевка.



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


