Вашата донација покажува дека сте добар корпоративен граѓанин, дека вашето претпријатие се грижи за луѓето и за заедницата во која делува. Со донацијата покрај што им помагате на оние кои имаат потреба, ја градите и свеста кај вашите вработени, но и нивниот морал. МЦМС се залага и ја поддржува општествената одговорност на претпријатијата. Во таа насока веќе има остварено долгорочна финансиска поддршка за своите активности од претпријатија.
Од 2007 г. МЦМС соработува со Сокотаб, а подоцна и со Филип Морис за реконструкција на повеќе основни училишта во руралните заедници, уредување на нивните дворови, како и за набавка на наставни средства и помагала во рамките на Проекти за модернизација на образованието.
Како може да донирате за МЦМС?
- Со еднократни или редовни (месечни или годишни) донации во пари за активностите на МЦМС
- Со долгорочни партнерства со МЦМС за финансиска поддршка на активности од заеднички интерес и делокруг
- Со донирање на дел од приходите од вашите производи и/или услуги за активности на МЦМС
- Со донирање на вашите производи и/или услуги
- Со организација на добротворни настани ( на пр. за одбележување на вашите јубилеи)
- Со алокација на дел од времето на вашите вработени за активности на МЦМС
Доколку вашата донација е за наш проект од јавен интерес можете да користите даночно поттикнување, намалување на даночната основа, согласно Законот за донации и спонзорства во јавни дејности. Даночното поттикнување се однесува на данокот на добивка и е соодветно на големината на дадената донација/спонзорство до онаа големина кога не преминува преку 5 % за донации и преку 3% за спонзорства од вашиот вкупен приход.
Ние ќе ги подготвиме потребните документи и ќе ја водиме процедурата за стекнување на даночното поттикнување.
Контактирајте нѐ на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Како да донирате?
- Склучувате договор со МЦМС
- Давате донација на МЦМС
- МЦМС ви издава потврда за уплатената донација и ја спроведува процедурата за стекнување на даночното поттикнување.
- Министерството за правда издава решение со кое го потврдува јавниот интерес.
- Даночните поттикнувања ги искажувате во даночниот биланс по поднесувањето на годишната сметка за изминатата календарска година.
Одберете за што ќе донирате:



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook



