|
Понеделник, 28 септември 2009 11:30 |
|
На 25 септември 2009 г., Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество (ЗКК) на ЕУ-РМ го поздрави предлогот на Европската комисија за безвизно патување за граѓаните на Република Македонија и ги повика и останатите институции во ЕУ да го следат нејзиниот пример. Членовите на ЗКК исто така бараат, што е можно побрзо, да започнат преговорите помеѓу ЕУ и Република Македонија веднаш штом бидат исполнети одредниците наведени во Пристапното партнерство.
|
|
Четврток, 24 септември 2009 09:31 |
|
На 25 септември 2009 година, Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) ќе биде домаќин на првиот Заеднички консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија. ЗКК е заедничко консултативно тело кои има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество. ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес.
|
|
Вторник, 15 септември 2009 09:52 |
 МЦМС го спроведе истражувањето наречено Барометар за еднакви можности. Истражувањето е дел од програмата Прогрес на Европската комисија што заедно со МЦМС ја спроведуваат и Полио плус, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика. |