Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Три нови Форуми за МЦМС
Понеделник, 22 август 2011 13:45
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

МЦМС ќе раководи со три општини во новиот циклус на програмата Форуми во заедниците што ја спроведува Швајцарската агенција за развој и соработка заедно со општините во Република Македонија.

Три нови Форуми за МЦМС

По завршувањето на процесот на апликација од страна на општините, СДЦ направи избор на 14 проекти во 15 општини во кои ќе се спроведуваат Форумите. МЦМС, како една од петте спроведувачки организации ги доби на раководење општините Крива Паланка, Македонски Брод и Чешиново-Облешево.

Во Крива Паланка и во Чешиново-Облешево ќе спроведуваат проектни форуми. Вкупниот буџет за Крива Паланка изнесува 2.800.000 МКД, од кои 50% се на општината, а другата половина се донација на СДЦ. Вкупниот буџет во Чешиново-Облешево изнесува 4.800.000, од кои 2.400.000 МКД ги обезбеди општината, а исто толку донира СДЦ. Форумот во Македонски Брод е буџетски и вкупниот буџет за него изнесува 4.800.000 МКД, по 50% од општината и од СДЦ.

Форумските сесии се очекува да започнат во текот на септември и да завршат до крајот на декември 2011 година.

Целта на Форумите во заедниците е да го поддржат учеството на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Тие ги вклучуваат граѓаните, создаваат и ги унапредуваат капацитетите за работа, создаваат локални партнерства и го подобруваат животот на луѓето во заедницата.

МЦМС е вклучен во Форумите од 2008 година и до сега успешно ги спроведе проектите во општините Карбинци, Битола, Ресен, Аеродром, Берово, Радовиш и Конче.

 

Google превод

Следи не

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Три нови Форуми за МЦМС