Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
МЦМС изрази сочувство за смртта на Киро Глигоров
Среда, 04 јануари 2012 19:40
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

По повод смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, претставници на МЦМС  се потпишаа во книгата на жалост. МЦМС ја искажа својата благодарност за учеството во поставувањето на темелите на македонската држава, но и за поддршката што претседателот Киро Глигоров  ја даваше на граѓанското општество и на МЦМС во раните години од неговото постоење.

kiro-gligorov-mcms

Починатиот претседател Киро Глигоров во повеќе наврати ја потенцираше потребата од развиено граѓанско општество.

Една од таквите прилики се случи во ноември 1996 година кога претставници на МЦМС и на Конзорциумот за Македонија беа примени од претседателот Глигоров. На средбата беше потврдено значењето на граѓанските организации и на односите со државата во изградбата на граѓанското општество.

МЦМС секогаш ќе се сеќава на средбите и разговорите,  како и на придонесот на претседателот Киро Глигоров за Македонија и граѓанското општество во Македонија.

 

Google превод

Следи не

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС изрази сочувство за смртта на Киро Глигоров