Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
„Направивме добар избор на тема и проекти“
Понеделник, 30 јануари 2012 10:38
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

Студеното време не го спречи жителите на Чешиново-Облешево да присуствуваат на четвртата форумска сесија, на 26 јануари 2012 година, и уште еднаш да разговараат за можните решенија на нивните проблеми кои се однесуваат на јавната чистота. Вкупно 83 граѓани ги слушнаа презентациите на предлог проектите и ги дадоа своите финални забелешки. Освен забелешките, тие ја дадоа и својата поддршка за сите четири предлог проекти кои во следната фаза ќе бидат упатени на разгледување во Програмскиот одбор на Форумите во заедницата.

IMG 0108

Сане Јованов од Чешиново смета дека големиот интерес на граѓаните за форумските сесии се должи на бројните проблеми што граѓаните ги имаат во јавната чистота. „Тоа се покажа и преку нашиот ангажман во изработката на приоритетните проекти. Денешната форумска сесија докажа дека имаме направено правилен избор за темата на форумите, но и за проектите кои што ги имаме изработено", додаде тој.

На сесијата присуствуваше и градоначалникот на Чешиново-Облешево, Јорданчо Лефков кој ги кажа ставовите на општината за секој од проектите. „Ме радува тоа што граѓаните на нашата општина активно учествуваат на форумските сесии и ќе одлучат во кој дел ќе бидат искористени парите кои општината заедно со СДЦ ќе ги додели за финасирање на проектите од областа на темата на форумот Јавна чистота", рече тој.

IMG 0113

Граѓаните се договорија петтата форумска сесија на која ќе се изврши гласањето за проектите да се одржи на 16 февруари 2012 година. Претходно, работните групи, на работилница ќе ги формулираат препораките за општината.

 

Google превод

Следи не

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести „Направивме добар избор на тема и проекти“