МЦМС, во партнерство Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија и Еколошкото друштво „Дешат“ од Дебар на 23 и 24 март 2012 година во Домот на културата во општина Дебар ќе го организира Форумот на граѓански организации од пограничнот регион на Република Македонија и Република Албанија.

На Форумот можат да учествуваат: Граѓански организации: здруженија на граѓани и фондации, синдикати, стопански комори, организации на работодавачи и верски заедници; и Единици на локална самоуправа и локални институции (агенции, јавни претпријатија, училишта, универзитети и сл.).
Предност ќе имаат граѓанските организации, кои се регистрирани или дејствуваат во пограничните региони и тоа: Полог, Југозападна Македонија (Македонија) и Дибра и Елбасан (Албанија).
Форумот ќе се состои од изложбен дел, јавни дебати и социокултурни настани. Изложбениот простор ќе биде организиран преку штандови, постери и аудио-визуелни презентации. Се очекува да се претстават околу 50 граѓански организации и други чинители од пограничниот регион.
На јавните дебати (панели, тркалезни маси) ќе се дискутира за повеќе прашања од заеднички интерес на граѓаните, граѓанските организации и другите чинители од пограничниот регион.
Со социокултурните настани ќе се промовираат културното и природното наследство и вредности на пограничниот регион.

Влезот за посетителите на Форумот е слободен. За граѓаните од регионите Полог и Југозападна Македонија ќе биде обезбеден бесплатен транспорт.
Повеќе информации за Форумот може да се најдете во информацијата за настанот. Пополнете и пријавете се за учество во изложбениот, форумскиот или делот за социокултурни настани.
Крајниот рок за пријавување е 07 март 2012 г. (среда).
- Информација за Пограничен форум на граѓански организации.
- Пријава за учество во изложбен дел (со штанд).
- Пријава за организација на форумски настан.
- Пријава за организација на социо-културен настан.
Форумот е дел од проектот Прекуграничен форум на граѓанските организации што е финансиски поддржан од ЕУ.



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


