Емина Нурединоска, раководител
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 979
Родена е на 16.04.1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година. Од 2010 година магистер е по меѓународно право - тема „Слободата на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Фокусот на активности е институционален развој и создавање овозможувачка околина за граѓанските организации, а посебен интерес е правната и фискалната рамка за граѓанските организации, нивна вклученост во креирање на политиките и промоција на граѓанскиот сектор во јавноста. Активно учествувала во процесот на основање на Граѓанската платформа на Македонија, а како одговорен соработник е дел од тимот којшто го организира НВО Саемот – Форум на граѓанското општетсво во Македонија. Исто така, испорачува обуки за застапување лобирање, добро управување во граѓанските организации и креирање политики. Од декември 2005 до септември 2007 година беше лидер на тимот на проектот на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) „Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата на Република Македонија“, во чии рамки беше подготвена Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Од октомври 2010 година е раководител на Одделението за граѓанско општетсво и демократизација во МЦМС.
http://mk.linkedin.com/in/eminanuredinoska



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


