Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Започна „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) PDF Печати Е-пошта
Петок, 08 јули 2016 15:47

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и нејзиниот локален партнер Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес (8 јули 2016 година) информираа за проектот „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) и го означија почетокот на тринеделниот студиски престој на шестмина студенти од САД и Канада во Македонија.

Zapochna Rodum od Makedonija Birthright Macedonia 2

Кристина Димитриевски (Kristina Dimitrievski), Рајан Антони Нечески (Ryan Anthony Neceski), Соња Ширли Ариго (Sonya Shirly Arrigo), Кевин Доналд Спероф (Kevin Donald Speroff), Бетси Амелиа Бадерс (Betsy Amelia Badders) и Колин Ноел Овен (Colin Noel Owen), ќе бидат на студиски престој кој е комплементарен на нивните академски цели, на нивната кариера или на нивните општи интереси. Праксата ќе ја обавуваат во Кабинетот на министерот за странски инвестиции во Владата на РМ – Џери Наумоф, на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во ЕуроБПО, во Музејот на македонската борба и во МЦМС. За време на нивиот престој, тие ќе живеат со семејства-домаќини и одблизу ќе можат да го видат секојдневието и културата на Македонците. МЦМС се погрижи да ги организира и дополнителните активности за време на викендите кога студентите ќе можат да ги посетат значајните културни манифестации што ќе се одвиваат во тој период.

Проектот е осмислен и развиен од Питер Далас, член на Советот на ОМД кој е роден во САД а има потекло од Гевгелија и Егејска Македонија. Тој ја истакна својата загриженост од слабеењето на врските на Македонците со нивните корени што било и поттик за започнување на проектот. „Врските слабеат особено кај младите од најпрвите генерации Македонци кои живеат во странство заради растечката асимилација. Затоа, сакав да направам нешто за да им помогнеме на Македонците во странство да ја задржат нивната врска со татковината“, рече тој на отворањето на проектот.

Zapochna Rodum od Makedonija Birthright Macedonia 1

„Родум од Македонија“ својата премиера ја имаше минатата година“, рече  Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС. „Минатогодишните учесници го нарекоа престојот во Македонија ‘неверојатно искуство’ што треба да го има секој млад човек со потекло од Македонија. Дека сме на добар пат покажува и поголемиот број на студенти кои ќе бидат тука оваа година“, додаде тој. Тој истакна дека ваквите активности во соработка со ОМД можат да ја зајакнат довербата и да придонесат кон поинтезивна соработка со дијаспората. За своето минатогодишно искуство зборуваше Наташа Калајџиоски. „Имав големи очекувања и можам да кажам дека беа надминати, минатогодишното искуство беше навистина неверојатно“, рече таа.

Примарната цел на „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) е младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата да го запознаат нивното културно наследство и да воспостават контакти и пријателства меѓу себе и со нивните врсници во Македонија.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia)