Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Лидерство на мрежи во време на предизвици PDF Печати Е-пошта
Петок, 09 јуни 2017 15:32

Дали дигитализацијата помага во развојот на општествата? Дали нуди повеќе можности отколку закани? Можат ли неразвиените земји да ги поминат развиените со помош на дигитализацијата? Дали интернет поврзаноста треба да прерасне во човеково право? Ова беа дел од темите на работилницата „Каков вид на управување и лидерство за мрежите се потребни во време на предизвици“ што се одржа на 1 и 2 јуни 2017 година во Брисел, Белгија.

Liderstvo na mrezhi vo vreme na predizvici 1

Покрај дигитализацијата, во фокусот беа и мрежите.  МЦМС е во почетен стадиум на разработка на мрежа за развојна помош, а искуствата кои беа споделени на работилницата ќе бидат од голема помош. Споделени беа студии на случај од Латвија, Словенија, Канада и Финска. Мрежите се соочиле се различни предизвици: отсуство на финансиски средства, промени на власт и укинување на државна поддршка, негативен имиџ на граѓанското општество, предизвици од бегалскиот бран итн. Сепак, тие успеале преку добро управување и лидерство да обезбедат одржливост и поголема кредибилност. Овој дел го организираше Меѓународниот форум на национални платформи на граѓански организации во соработка со Конкорд.

Liderstvo na mrezhi vo vreme na predizvici 2

На дел од работилниците учествуваа членовите на Европскиот парламент (Мади Делво-Штехерс и Урмас Пает) и претставници на тинк-тенкови ЦЕПС и ЦЦИА. МЦМС го претставуваше Симона Огненовска која учествуваше и на последниот дел од редовното годишно собрание на Конкорд.

Учеството на настаните беше дел од регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска и Конкорд. Покрај МЦМС, на национално ниво активностите ги спроведуваат: Граѓански иницијативи и Граѓански парламент од Србија, ЦРНВО од Црна Гора, ИДМ од Албанија. Проектот е финансиран од Австриска агенција за развој и членките на Хоризонт3000.

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Лидерство на мрежи во време на предизвици