Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Предлог модел за реформа на системот за државно финансирање PDF Печати Е-пошта
Вторник, 31 октомври 2017 17:12

На завршната конференција „Предлог модел за реформа на системот за државно финансирање за граѓанските организации“ која се одржа на 27 октомври во х. Холидеј Ин, Емина Нурединоска од МЦМС ги презентираше предлог измените за реформа на системот за државно финансирање.

Predlog model za reforma na sistemot za drzhavno finansiranje

„Основата на овие реформи треба да биде правно обврзувачки документ, односно документите кои ја предвидуваат процедурата за финансирање, односно Кодексот за добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, Законот за здруженија и фондации и др. да добијат законско обврзувачка сила“ истакна таа. 

Предлог моделот опфаќа детална анализа и предлози за вклучување на сите засегнати страни во процесот. Со прифаќањето на овој предлог ќе се

  • Зголеми висината на средства наменети за финансирање на ГО од 5 на 30 милиони евра;
  • Зголеми висината на средствата наменети за посебни под-сектори кои немаат доволно средства или можност да добијат средства;
  • Поттикнат министерствата да воведат финансирање на цели и активности што им се приоритет, но истовремено да го поддржат секторот и соработуваат со него;
  • Прошират достапните начини на финансирање;
  • Унапреди транспарентноста, ефективноста и отчетноста на постапката на дистрибуирање на средства;
  • Раздвои поддршката за здруженијата и фондациите од другите категории на непрофитни организации т.е. облици на граѓанско здружување. 

„Особено е важно, покрај зголемувањето на средствата, да се реформира и времетраењето на проектите“, рече Нурединоска, „така, наместо досегашните едногодишни финансирања, тие би биле повеќе годишни што понатаму би придонело до зајакнување на финансиската одржливост на граѓанските организации“, додаде таа. 

Предлог моделот опфаќа и финансиска проекција за формирање на национална фондација за државно финансирање (по примерот на Р. Хрватска), од приходите од игри на среќа и забавни игри, како и приходи од странски извори. Во предлогот е вклучена и финансиска проекција за Одделението за соработка со невладините организации, кога би било целосно надлежно за целосната процедура за распределба на државните средства. 

Измената на законската легислатива, опфаќа и задолжителна обврска за вклученост на граѓанските организации преку Советот за соработка на Владата, во процесот на програмирање, учество во комисии за формулации на повиците, спроведување, известувањето и креирање на стратешки планови и политики на различни министерства.

Предлог моделот на државно финансирање на граѓанските организации се заснова на наодите од  Анализата на буџетското финансирање на граѓанските организации на централно ниво и на најдобрите европски и регионални законски решенија и практики кои беа опфатени во Споредбената анализа на системите за државно финансирање подготвена од ЦНВОС од Словенија. Дискусијата за него ќе продолжи со надлежните државни претставници и граѓанските организации, по што истиот ќе биде објавен.

Подготовката на предлог моделот беше дел од проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“ кој МЦМС го спроведуваше заедно со ЦНВОС од Словенија. Проектот беше финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Предлог модел за реформа на системот за државно финансирање