Македонски центар за меѓународна соработка

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Втора средба на Заедничкиот консултативен комитет
Среда, 24 Февруари 2010 10:35
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

ЗКК логоУтре, 25 февруари 2010 година, во х. Холидеј ин во Скопје, ќе се одржи втората средба на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија.

Првиот дел од средбата заинтересираните ќе можат да го следат во живо интернет на следниот линк: http://www.mcms.org.mk/vozivo

Во првиот дел од средбата воведни излагања ќе имаат Сашо Клековски (МЦМС), со-претседател на ЗКК, Владимира Дрбалова, со-претседател на ЗКК, Васко Наумовски, заменик претседател на Владата на РМ за европски прашања, Џелал Бајрами, министер за труд и социјална работа и Ерван Фуере, специјален претставник и шеф на делегацијата на Европската комисија во РМ.

На средбата ќе се разговара околу напредокот на Република Македонија кон ЕУ и ќе бидат презентирани извештаите за социјалните и економските права.

Агенда:   ZKK2_Agenda_MK.pdf

 

Google превод

Следи не

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Втора средба на Заедничкиот консултативен комитет