Како секоја, така и оваа година, МЦМС ги објави резултатите од работењето во 2009 година објавувајќи го деловниот со финансискиот извештај и ревизорското мислење.
Во 2009 година МЦМС реализираше 27 проекти и буџет од 88 милиони денари.
На утврдувањето на два предлог закони беше посветено големо внимание. На
Законот за здруженија и фондации и
Законот за спречување и заштита од дискриминација . Законот за здруженија и фондации е клучен дел за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со граѓанскиот сектор.
Годината ја одбележа и регистрацијата на две мрежи, чиј иницијатор и основач е МЦМС: Македонија без дискриминација (МБД) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).
Во овој период започнаа програмите Институционален развој на граѓанското општество (ИРГ) и Модел за дијалог на културите (МДК).
Повеќе информации за постигнувањата на МЦМС погледнете во Деловниот извештај за 2009 година (
PDF верзија ).



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


