Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Започна анкетата за надворешната перцепција за граѓанското општество
Вторник, 11 мај 2010 09:42
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

Започна анкетата за надворешната перцепција за граѓанското општество во Република Македонија. Во анкетата се поканети да учествуваат поединци од законодавната, извршната и судската власт, деловниот сектор, медиумите, универзитетите и другите сектори, кои имаат познавања или соработуваат со организациите на граѓанското општество.

Започна анкетата за надворешната перцепција за граѓанското општество

Наодите од оваа анкета, заедно со наодите од другите истражувачки активности ќе бидат анализирани и објавени во аналитички извештај и резиме за граѓанското општество во Македонија. Извештајот ќе биде корисен за планирање на активностите за развој на граѓанското општество или соработка со него.

Доколку сте заинтересирани да учествувате во анкетата можете да се обратите кај Даниела Стојанова - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или Валентина Чичева - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Анкетата се спроведува во рамките на проектот Цивикус – Индексот на граѓанското општество за Република Македонија. МЦМС за прв пат го спроведе овој меѓународен акциско-истражувачки проект во периодот 2004 – 2006 година, од кој произлезе сеопфатниот извештај за состојбата со граѓанското општество „По 15 години транзиција – од стабилизација кон граѓанско учество“.

 

Google превод

Следи не

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Започна анкетата за надворешната перцепција за граѓанското општество