Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Граѓанскиот сектор гради мостови за соработка
Среда, 23 јуни 2010 12:27
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

На 18 и 19 јуни 2010 г. во Нови Сад, Србија се одржа регионална конференција „Граѓанско градење мостови“.  На конференцијата учествуваа претставници на 63 граѓански организации од Унгарија, Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Граѓанскиот сектор гради мостови за соработка

Конференцијата беше замислена како поврзување на унгарските граѓански организации со организациите од земјите на Западен Балкан, а во пресрет на унгарското претседавање со Европската Унија.  Во воведните излагања на конференцијата беше даден преглед на напредокот на секоја од земјите од Западниот Балкан на патот кон Европската Унија, како и за постоечките иницијативи за регионална соработка на граѓанските организации.  Во овој дел на конференцијата беше претставена и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

Даниела Стојанова од МЦМС, ја презентираше состојбата на граѓанското општество во Македонија, во панелот посветен на состојбата со граѓанскиот сектор во Западен Балкан. Таа ги информираше присутните за историскиот развој, моменталната состојба и предизвици на граѓанските организации, како и за можностите за регионална соработка. Во последниот панел беа презентирани приоритетите на унгарското претседателство со ЕУ, особено во однос на проширувањето и Западниот Балкан, по што учесниците усвоија декларација.

Конференцијата ја организираа канцелариите на Европскиот фонд за Балканот и Асоцијацијата на агенции за локален развој во Србија и Европска куќа од Унгарија.

 

Google превод

Следи не

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓанскиот сектор гради мостови за соработка