Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Промоција на еднаквоста наместо забрана на дискриминацијата
Вторник, 21 септември 2010 11:59
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

МЦМС денес, во хотелот Холидеј ин, ја промовираше публикацијата „Анализа на меѓународните стандарди и најдобри практики и постоечките национални закони, политики и планови на антидискриминаторската легислатива“.

Промоција на еднаквоста наместо забрана на дискриминацијата

„Со публикацијата сакавме да дадеме придонес во подготовката на македонскиот Закон за спречување и заштита од дискриминацијата“, рече Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС. Идејата на публикацијата е да биде насочена кон целото законодавство кое ја третира дискриминацијата, а не само кон конкретниот закон.

Публикацијата ја промовираа авторките Мирјана Најчевска и Александра Тасевска.

Најчевска, меѓу другото се осврна на предизвиците за Македонија во поглед на дискриминацијата. „Прво треба да се имплементира Законот“, рече таа, „едно е тој да се донесе, а сосема друго да се спроведе во пракса“. Таа ја нагласи и важноста на структуирањето на Комисијата за заштита од дискриминација која треба да одговори на првите предизвици на имплементацијата на Законот. „Она што го нема, а на кое ќе треба да притиснеме да биде внесено во законската регулатива и во праксата е еднаквоста како појдовна позиција. Не дискриминацијата – туку еднаквоста“, вели Најчевска. Таа се осврна и на другите предизвици како што се: воведувањето на сексуалната ориентација како основ на дискриминација, дискриминацијата врз основа на перцепција, независноста на Комисијата, ефективните казнени мерки, употребата на статистиката, ситуациското тестирање и усогласувањето на националните закони.

Тасевска се осврна на законската регулатива поврзанa со дискриминацијата и објасни дел од постапките поврзани со Комисијата. Таа напомна дека досега речиси и да немало постапка за дискриминација поведена во судовите, освен во случај на вработување.

Новинарите се интересираа за најчестите облици на дискриминација во Македонија, за тоа дали судовите се подготвени за спроведувањето на Законот и за структурата и мандатот на Комисијата.

 

Google превод

Следи не

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промоција на еднаквоста наместо забрана на дискриминацијата