Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Емина Нурединоска – раководителка на одделението за граѓанско општество
Среда, 27 октомври 2010 10:45
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

Одборот на директори ја избра Емина Нурединоска за раководителка на одделението за граѓанско општество на МЦМС.

Емина Нурединоска

Во постапката за избор на раководител, Одборот распиша внатрешен оглас и одржа јавно сослушување на кандидатот, на кое колегите имаа можност да поставуваат прашања. На 19 октомври 2010 година, Емина Нурединоска беше избрана на позицијата раководител.

Нуредоноска на оваа позиција доаѓа по заминувањето на претходниот раководител, Сунчица Саздовска, на ново работно место. Во периодот септември 2009-октомври 2010 година таа беше вршител на должноста.

Нурединоска е магистер по меѓународно право. Магистрираше на темата: „Слободата на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје. Нејзиниот фокусот се активностите за институционален развој и создавање овозможувачка околина за граѓанските организации, а посебен интерес  и е правната и фискалната рамка за граѓанските организации, нивна вклученост во креирање на политиките и промоцијата на граѓанскиот сектор во јавноста. Во МЦМС е ангажирана од 2001 година.

Нурединоска е избрана на оваа позиција за период од четири години, односно од октомври 2010 – октомври 2014 година.

 

Google превод

Следи не

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

prekugranicen

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Емина Нурединоска – раководителка на одделението за граѓанско општество