Македонскиот центар за меѓународна соработка (во понатамошниот текст: МЦМС) е граѓанска организација која се залага за промени и решавање на општествените предизвици, за придобивки на маргинализираните групи и на групите во понеповолна општествена положба.
Мисијата на МЦМС е да предводи (и поттикнува) промени за решавање на општествените предизвици со иновации и воспоставување алтернативни модели вклучувајќи ги во главните текови.
За повеќе информации за работата на МЦМС погледнете го делот За нашата работа.
МЦМС се воспостави со заеднички напор на повеќе граѓански иницијативи и Холандската меѓуцрковна помош. На 14 декември 1993 година се одржа основачкото собрание на МЦМС.
За повеќе информации за МЦМС, погледнете го делот За нас.
Визија на МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето како во Македонија и на Балканот, така и глобално.
Целите на МЦМС се:
- Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата;
- Одржлив локален и рурален развој;
- Праведно и демократско општество засновано на принципите на добро владеење;
- Вкоренето и динамично граѓанско општество кое влијае на јавните политики;
- Прифатена културна разноличност, меѓузависност и дијалог;
- Поддржан евроинтеграциски процес со зајакната регионална соработка;
- МЦМС - независна и организација со кредибилитет, способна за силни и ефективни партнерства и сојузи засновани на еднаквост, на национално, регионално и меѓународно ниво; и
- МЦМС - атрактивна и иновативна организација која учи, со локални корени и глобален поглед.
За повеќе информации околу целите, посетете ја веб страницата на МЦМС, во делот Нашите цели.
Први иницијатори и основачи на МЦМС се: Мирко Спироски, Иван Тулевски, Наташа Габер, Теута Крашница-Чучкова, Савка Тодоровска и Сашо Клековски.
Основачи се и: Драги Костадиновски, Зејнула Фазлиу, Михаил Цеков, Зоран Костов, Мухамед Точи, Нурије Кадриу, Анета Андонова, Арифи Сељам, Абдурауф Пруси, Бехиџудин Шехапи, Андон Марковски, Вите Исјановски, Биљана Стеваноска, Свето Стефановски, Јорданка Куситасевска, Надежда Христова-Герасимовска, Мето Јовановски, Митко Кржовски, Сашо Стрезоски.
Партнерствата се една од вредностите од кои се води МЦМС во своето работење. Партнерство подразбира односи на соработка меѓу вклучените страни, кои се согласни да ги споделат правата и одговорностите заради постигнување одредена цел. МЦМС е свесен дека исполнувањето на визијата и мисијата бара градење силни партнерски односи со клучните актери. МЦМС настојува партнерствата да бидат засновани на доверба и заеднички интереси.
Во досегашното искуство соработувал со повеќе организации на заеднички програми и проекти, на поддршка на ставови и заедничко застапување за одредени прашања.
Буџетот на МЦМС во 2007 година изнесуваше 97 милиони МКД (околу 1,5 милиони евра).
За повеќе информации погледнете го делот Годишни извештаи.
Околу 64% на приходите на МЦМС се обезбедуваат од донации и грантови, 24% од сопствени приходи. Во 2007 год. најмногу средства се обезбедени од ЕЕД, Германија (16 милиони МКД), околу 13 милиони МКД од ДЦА/Данида, Данска, околу 11 милиони од ЕАР.
За повеќе информации погледнете го делот Годишни извештаи.
Околу 58% на расходите во 2007 година се употребени за активности во програмите на граѓанско општество. Следни најголеми програми се: Водоснабдување и санитација на заедниците, Македонија без дискриминација, Меѓурелигиска соработка во Македонија.
За повеќе информации погледнете го делот Годишни извештаи.
Во моментот, во МЦМС, октомври 2008 година, работат 28 соработници.
Со измените на Статутот на МЦМС од октомври 2008 година, воспоставен е Одбор на директори, орган за секојдневно управување на МЦМС. Тој е составен од два члена: Сашо Клековски, Прв извршен директор (првпат избран во 1994 година за извршен директор на МЦМС, а реизбран и во 1999 и 2003 година) и Александар Кржаловски, Извршен директор.
Седиштето на МЦМС е во Скопје. Адресата е: ул. „Никола Парапунов„ бб, п.фах 55, 1060 Скопје. Тел.02/3065-381.
Не, нема. МЦМС има активности надвор од Македонија, пред се во регионот на Балканот. Во моментот се спроведува програмата Балканска мрежа за развој на граѓанското општество, во Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.
За повеќе информации за работата на МЦМС погледнете го делот За нашата работа.
Знакот на МЦМС е:

Највисоко тело е Советот на МЦМС, кој се среќава еднаш или двапати годишно. Советот брои 24 членови. Орган на управување е и Управниот одбор, кој брои 9 члена и се состанува во просек еднаш месечно.
За повеќе информации погледнете го делот Нашата структура.
МЦМС можете да го поддржите на повеќе начини. Можете да волонтирате на некоја од активностите, ако сте студент, кај нас можете да ја поминете студентската пракса, да споделите идеи со нас, а поддршката можете да ја изразите и преку донирање финансиски средства за некој од проектите.
Повеќе информации за ова можете да видите на веб страницата во делот за поддршка.
Материјали за работата и кампањите можете да добиете од веб-страната на МЦМС, преку имејл ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ) или во седиштето на МЦМС.
Адресата е: ул. „Никола Парапунов“ бб, п.фах 55, 1060 Скопје. Тел.02/3065-381.



Twitter
Digg
Del.icio.us
Reddit
StumbleUpon
Yahoo
Googlize this
Facebook
Wikio



