Јасмина Поповска, Соработник на проект
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+389 2 3088 993
Роденa е на 23.05.1981 година во Скопје. Има завршено додипломски студии на Економски факултет во Скопје и моментално ја подготвува магистерската теза на департманот за Статистички методи за бизнис и економија на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”. За време на студиите работи во Независно здружение за економски истражувања Лицеум Скопје, на позицијата соработник на проекти. Од април 2005 година до април 2011 година, работи во брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје на позицијата овластен брокер и инвестициски советник. Поседува сертификати за работење со хартии од вредност и за овластен инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност на Р.Македонија. По вработувањето во април 2011 година во МЦМС, станува дел од тимот за раководење со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и е на позицијата соработник на проекти. Работи на проекти за финансиски и нефинансиските услуги насочени кон развој на малите претпријатија.



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


