Валентина Чичева, Соработник на проект
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 984
Родена е на 28.02.1969 г. во Скопје. Во 2008 г. магистрира на Економскиот институт во Скопје, отсек Финансиски менаџмент. Од 1994 до 1999 година работи како Административен секретар, а од 2000 година таа е соработник на проекти/обучувач во Одделението за граѓанско општество и демократија на МЦМС. Валентина Чичева во рамките на програмите: Јакнење на невладините организации 2000-2003, Јакнење на стратешките граѓански организации 2003-2006 и Применето образование за млади Роми 2006-2008 и Форуми во заедниците 2008-2010, има работено на:
- Подготовка и раководење на проекти;
- Набљудување и оценка на проектните и програмските активности;
- Соработка со корисниците за време на планирањето, спроведувањето и раководењето со проектите и поддршка во подготовка на нивните предлог проекти;
- Подготовка на периодични и завршни програмски и проектни извештаи (наративни и финансиски);
- Соработка со релевантни владини и граѓански организации, меѓународни донатори и сл.
- Модерирање на форумските процеси во општините: Битола, Берово и Аеродорм (Скопје)
Нејзини главни активности и одговорности како Административен секретар беа:
- Раководење со архивата и административните работи;
- Водење грижа за досиејата на вработените и за работните односи во согласност со македонските закони;
- Раководење со (девизна и денарска) благајната/касата и подготовка на дневни извештаи;
- Административна поддршка на месечните средби на вработените, колегиумите, седниците на Управниот одбор и Советот



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


