Гонце Јаковлеска, Соработник за односи со јавностаОваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 970
Родена на 13.07.1969 во Радовиш. Дипломира на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград , а во моментов е на пост-дипломски студии по Комуникологија на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје. Таа е соработник за односи со јавноста во МЦМС од 1996 година. Нејзини клучни квалификации се односите со јавноста и во тие рамки: комуникација со медиумите, промоција преку информативни изданија и користење на нови технологии, консултации и испорака на обуки за односи со јавноста и комуникациски вештини, фасилитација на настани и процеси. Била дел од тимот што го организирал НВО Саемот – Форум на граѓанското општество во Македонија и кампањите на МЦМС: Цело е кога има се; Јас живеам овде, Кажи ОК за МК, Еден до друг-различни, а еднакви итн. Ко-автор е на повеќе истражувачки извештаи на МЦМС во областа на општествената одговорност на граѓаните.
http://mk.linkedin.com/in/goncejakovleska



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


