Во образованите ќе се поттикнува подобриот пристап на маргинализираните групи (пр. Роми, рурални подрачја), како и подобрување на квалитетот на образованието. Посебен фокус ќе биде концептот на доживотно учење и интензивното користење на разни форми на неформално образование. Ќе се јакне релевантното граѓанско општество како организации на ученици и студенти и професионални (наставнички) сојузи и комори.Вработувањето ќе се заснова на поддршка на развојот на мали претпријатија, со поддршка на развојот на претприемништво и пристап до финансиски капитал. Исто така ќе се јакнат сојузите и коморите на претприемачи.
МЦМС својата работа ќе ја темели на поддршка на еднакви можности и недискриминацијата во јавните политики и јавните, но и приватните услуги, како образованието или вработувањето.
Програми:
- Проекти за модернизација на образованието (ПМО)
- Македонија без дискриминација (МБД)
- Раководење со Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)
Други цели:
- Одржлив локален и рурален развој
- Добро владеење, партиципација и политики засновани на луѓето
- Вкоренето и динамично граѓанско општество (кое влијае на јавни политики)
- Прифатена културна разноличност, меѓузависност и дијалог
- Поддржан евроинтеграциски процес и зајакната регионална соработка
- МЦМС - независна и организација со кредибилитет
- МЦМС - организација со локални корени и глобален поглед



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook



