МЦМС располага со тим од 28 консултанти од кои 16 се вработени во МЦМС, а 12 се надворешни соработници.
Консултантите на МЦМС имаат долгогодишно искуство во испорака на обуки и консултации, како и соодветно искуство во определените области (минимум 3 години). Тие имаат напредни вештини за испорака на обука и консултации и практично искуство, што им овозможува покрај стандардни обуки, да подготвуваат и спроведуваат консултации дизајнирани специфично според барањата на корисниците.
Тимот на консултанти на МЦМС е разновиден според род и етничка припадност, што носи додадена вредност и придонесува кон меинстримирање на прашањата како што се родова и културна разновидност.
Тимот на МЦМС може да спроведува консултации и обуки на македонски, албански, англиски и други локални јазици во регионот.
МЦМС води грижа за развој на својот тим на консултанти, овозможувајќи постојано надградување на нивните знаења и вештини и следење на меѓународните трендови во соодветната област преку посета на обуки и семинари. Консултантите кои се дел од персоналот на МЦМС имаат добиено интензивни обуки во областите кои ги покриваат во истакнати меѓународни консултантски куќи: Менаџмент за развојни фондации – Холандија, INTRAC – Велика Британија и др.
Вработени во МЦМС:



Twitter
Digg
Del.icio.us
Reddit
StumbleUpon
Yahoo
Googlize this
Facebook
Wikio



