“За мене ова е прва обука од ваков вид, за РПЦ. Сум учествувал и на други семинари, но со многу поразлична содржина од оваа. Во мојата организација се обидувавме да изготвиме некој проект, но не бевме уки за тоа. Се обратив до МЦМС со едноставно писмо, за да бидат нашиот тип организации обучени за изработка на проекти, канцелариско работење, самостојно финансиско работење, пристап до донаторите итн. Ова што го стекнав овде за неколку дена е немерливо богатство за мене и за мојата организација. Еве, на пример, проектов што го изготвив овде како вежба, со мојата работна група, веднаш ќе го дадам во процедура во мојата организација и веднаш ќе го проследиме до неколку организации и фондации”
Ѓорѓи Арсовски од Здружението на инвалидски пензионери од Чаир…
“Лично сметам дека оваа обука ќе придонесе за подобрување на мојата работа на тој начин што ќе ги имплементирам знаењата стекнати на овој семинар во сите фази од проектниот циклус. Сега веќе имам многу идеи кои знам како да ги спроведам што можеби беше хендикеп пред да ја поминам обукава. Моето мислење е дека секоја граѓанска организација треба да има обучен и адекватен тим кој ќе работи професионално на проекти за да има некаков резултат целиот труд и ангажман. Затоа сметам дека ваквите обуки треба да се интензивираат и понатаму”
Елена Стојановска од Младинскиот образовен форум…
“Тоа е тоа што ми треба! Имав доста проблеми околу архивското работење и мислам дека конечно ќе ги решам тие проблеми, а со тоа во иднина се надевам на професионално вработување”
Александра Стефановска од Младинскиот културен центар од Битола…
„Во ЕСА вршам административни и преведувачки работи повеќе од 5 години. Ова ми е втора обука за архивско работење и тие навистина ми помагаат како исправно да работам на таа проблематика. Мислам дека по овие обука, ќе работам архивско работење според сите прописи”
Касами Бехаре од Фондацијата за поддршка на претпријатијата од Тетово...
„Го постигнавме она за кое верувам сите бевме дојдени – сфативме дека стратешкиот и организиран начин на размена на информации со јавноста значително ќе го зголемат рејтингот на нашата организација, додека спонтаноста и непознавањето на односите со јавноста можат да н# чинат многу”
Верица Грданоска од Младинската асоцијација “Перпетуум” од Скопје...
“Немам искуство од оваа област. Обуката ми беше добредојдена. Сега знам на каков начин треба да им пристапам на донаторите, како да подготвам аппликација. Во групата имаше добра клима за работа. Се надевам дека ова што го научив на обуката ќе ми помогне во пристапот до нив”
Славица Трајановска, од Канцеларијата за локален економски развој при општина Ранковце...
„Редовните обуки на МЦМС придонесоа за зајакнување на човечките ресурси во НВО и особено ги подобрија институционалните и организациските капацитети со обуки за соодветни организациски системи и процедури за формулација, мониторинг и евалуација на проекти. Обуката за Раководење со проектен циклус на МЦМС се смета за веројатно најдобрата која во моментов се нуди во Македонија.“
Оценка на Програмата за јакнење на НВО 2000-2002, ИНТРАК, 2002
„Програмите за организациска поддршка на МЦМС се екстремно релевантни и важни за вклучените организации.
МЦМС дефинитивно се помести од организациска поддршка кон градење на капацитет и од поддршка на одреден број на избрани организации кон институционална поддршка на граѓанското општество како целина.“
Оценка на методологијата за организациска поддршка, МДФ/МЦМС, 2003
„Компонентата за обука беше најрелевантна, најефикасна и најефективна компонента од активностите на мрежата. Обуката е со висок квалитет, обучувачите имаат високи стандарди, а оценката од страна на учесниците е многу позитивна.“
Оценка на Мрежа за градење капацитет, ИНТРАК, 2003
“Како учесник во обуката за стратешко планирање ги согледав слабите и јаките страни на мојата организација, како и нејзиното место во надворешното опкружување што е основен предуслов за преземање понатамошни чекори и креирање развојни интервенции со цел јакнење и успешен развој на мојата матична организација. Препорачувам да бидете дел од една ваква обука, бидејќи стекнатите знаења и вештини ќе можете да ги искористите во своето секојдневно работење и подготовка на стратешки план на вашата организација што е услов за нејзино успешно функционирање, спроведување на активностите и градење на имиџот“
Светлана Миленкова, Женски центар на Република Македонија
“Немам искуство од оваа област. Обуката ми беше добредојдена. Сега знам на каков начин треба да им пристапам на донаторите, како да подготвам аппликација. Во групата имаше добра клима за работа. Се надевам дека ова што го научив на обуката ќе ми помогне во пристапот до нив”
Славица Трајановска, претставник на канцеларијата за локален економски развој при општина Ранковце.
„Со целото мое досегашно искуство, можам да кажам дека една ваква обука вистински ми недостигаше. Обуката придонесе да се здобијам со нови знаења кои веќе почнав да ги користам во раководењето со ансамблот“
Драган Георгиев, Фолклорен ансамбл „Бучим“, Радовиш.
“Родовите односи и развојот се сосема нов приод. Обуката ми помогна да научам да ги препознавам работите и односите. Сметам дека најкорисната работа во обукава е тоа што може да се примени во секојдневната работа на “женските” здруженија на граѓани и во секојдневниот живот на секоја жена. Потребно е организациите повидливо да ја вклучат родовата компонента во соите програми и генерално во своето работење“
Светлана Јанева, Сојузот на организации на жени на Македонија (СОЖМ).



Twitter
Digg
Del.icio.us
Reddit
StumbleUpon
Yahoo
Googlize this
Facebook
Wikio



