На 4 декември 2008 година, општината Конче беше зафатена од лошо време со поројни дождови што предизвика големи поплави и штети. Оштетени беа голем дел од патната и комунална инфраструктура, дел од индивидуалните и јавни објекти како и сите земјоделски површини. Заради невремето едно лице го загуби животот.
Ова предизвика отежнато одвивањето на редовната настава во ОУ Гоце Делчев – Конче. Тоа е единствено централно училиште во општина Конче во кое настава посетуваат 241 ученици од 6 села и тоа: Конче, Лубница, Габревци, Долни Липовиќ, Горни Липовиќ и Ракитец. Покрај нив, во ова централно училиште работи персонал (40 вработени) кои доаѓаат од три населени места (7 од с Конче, 1 од с.Ракитец и 32 од Радовиш).
Општа цел на проектот е подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основното училиште.
Цел на проектот е создадени услови за нормален пристап и функционирање на училиштето.
Очекуван резултат од проектот е санирани патишта и комунална инфраструктура неопходна за нормално функционирање на ОУ Гоце Делчев, с.Конче.
Целна група на проектот се ученици од основно училиште. Директни корисници се 241 ученици и 40 лица персонал во училиштето.
Целното подрачје на проектот е рурално, односно проектот ќе се спроведе во општина Конче.
Активност преку кои ќе се постигне овој резултат е расчистување на насипите од наноси и шут по патиштата, мостовите и пристапните делници со помош на механизација.
Претпоставка која влијае и придонесува кон остварување на целта на проектот е: обезбедени се и други финансии за санирање на штетите од поплавите. Претпоставка на ниво на резултат е да сите вклучени актери навреме и квалитетно ги отстранат штетите настанати од поплавата.
Информации за проектот ќе се достават до: Јавноста преку медиумите и инфорамтивните изданија на МЦМС и Општина Конче.
Општина Конче има одговорност за спроведување на проектот и донесувањето одлуки. Активноста ќе ја спроведе општина Конче во блиска сорабока со ОУ Гоце Делчев, ЈКП Лакавица – Конче и ЈП Македонија пат – подружница Штип.
Во текот на спроведување на проектите МЦМС ќе врши мониторинг и набљудување на проектните активности. За надгелдување на санационите работи општина Конче ќе ангажиран сопствен стручен надзор кој ќе обезбеди техничко контролирање на изведбата.
Можен ризик за спроведувањето на проектот е повторување на невремето за времетраење на активностите за расчистување што може да предизвика нови штети и проблеми во општина Конче.
Временскиот период на спроведување на проектот е од 11 до 30 декември 2008 год.
Буџетот изнесува 120.000,00 МКД. Средствата се алоцирани од фондот на Проектите за модернизација на образованието (ПМО).



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


