Утре, 25 февруари 2010 година, во х. Холидеј ин во Скопје, ќе се одржи втората средба на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија.
Првиот дел од средбата заинтересираните ќе можат да го следат во живо интернет на следниот линк: http://www.mcms.org.mk/vozivo
Во првиот дел од средбата воведни излагања ќе имаат Сашо Клековски (МЦМС), со-претседател на ЗКК, Владимира Дрбалова, со-претседател на ЗКК, Васко Наумовски, заменик претседател на Владата на РМ за европски прашања, Џелал Бајрами, министер за труд и социјална работа и Ерван Фуере, специјален претставник и шеф на делегацијата на Европската комисија во РМ.
На средбата ќе се разговара околу напредокот на Република Македонија кон ЕУ и ќе бидат презентирани извештаите за социјалните и економските права.
Агенда:
ZKK2_Agenda_MK.pdf



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook



