Законот за здруженија и фондации е еден од најважните закони за граѓанското општество во Македонија. Тој е основниот закон што ја регулира работата на граѓанските организации. МЦМС е посветен на подобрување на правната рамка за граѓанското општество од 1995 година и учествуваше во работната група на Министерството за правда која даде значаен придонес во подготовката на текстот на новиот закон.
Заради тоа, МЦМС пристапи кон подготовка на мислење за предлог-законот. Целта на мислењето е оценка на предлог-законот како и одредување на потребите за подобрување.
Предлогот за донесување на Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) со предлог-закон е во процедура во Собранието на Република Македонија. По Законот за здруженија на граѓани и фондации од 1998 година и измените во 2007 година, се пристапува кон донесување нов закон, поради опфатот на измените, вклучувајќи но не исклучиво и воведувањето на статус на организација од јавен интерес.
Мислењето за предлог-Законот за здруженија и фондации содржи воведни информации за слободата на здружување во Република Македонија и усогласеноста на предлог-законот со меѓународни конвенции и најдобри практики, како и општа оценка на предлог-законот, која е проследена со преглед на очекуваните подобрувања од предлог-законот. Последниот дел се однесува на потребните измени кои што е неопходно да бидат направени во овој предлог закон.
Мислењето содржи седум прилози што можете да ги видите на линковите подолу. Прилогот 3 е мислење на Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ), прилогот 4 содржи сумирани коментари и предлог амандмани од други граѓански организации.
Мислењето е подготвено од Сашо Клековски и Емина Нурединоска од МЦМС и доставено до Министерството за правда, релевантните комисии во Собранието на РМ и граѓанските организации.
-
Мислење на МЦМС за предлог-законот за здруженија и фондации
-
Прилог 1 Преглед на МЦМС предлог за амандмани -
Прилог 2 Преглед на мислења и амандмани на МЦМС по членови -
Табеларен преглед на мислења за предлог ЗЗФ -
Прилог 3 Коментари на ЕЦНЛ на предлог ЗЗФ -
Прилог 4 Сумирани коментари на ЗЗФ од други организации -
Прилог 5 Применета методологија во МЦМС оценката на законот -
Прилог 6 Граѓанските организации и политичките партии -
Прилог 7 Јавниот интерес и граѓанските организации
-
Други релевантни документи поврзани со предлог-Законот за здруженија и фондации:



Twitter
Digg
Del.icio.us
Reddit
StumbleUpon
Yahoo
Googlize this
Facebook
Wikio



