МЦМС веќе неколку години е една од организациите, која ја спроведува програмата „Форуми во заедницата". Во прилог се написите во медиумите.
Општините ќе добијат проекти вредни еден милион евра
Во вкупно 18 општини во земјава в година ќе се реализираат многубројни проекти вредни околу еден милион евра со кои ќе се подобрува животот на граѓаните и ќе се унапредува локалната демократија. Ова беше потенцирано на вчерашната промоција на програмата „Форуми во заедницата" која веќе трета година се финансира од Швајцарската агенција за развој и соработка - СДЦ, а ја спроведуваат пет организации - МЦМС, АДИ, ЦИР-а, ФООМ и АЛКА. Со проекти од оваа програма ќе се градат инфраструктурни проекти, паркови, детски игралишта и други објекти.
„Форум во заедницата" - зајакнување на граѓанското учество во процесот на одлучување, сесија одржана во Крива Паланка
Зајакнување на граѓанското учество преку претставници од различни општествени, старосни, етнички, професионални, религиозни и други групи од кривопаланечката единица на локалната самоуправа, беше целта на форумската сесија од Програмата „Форуми во заедницата" во твојата општина, одржана синоќа во хотелот „Турист" во Крива Паланка.



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


