Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Реновирање на основни училишта во рурални заедници
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon
There are no translations available.

Реновирање на основни училишта во рурални заеднициОпшта цел на проектот беше подобрени услови за учење и работа за учениците и персоналот во основните училишта.

Цел на проектот беше условите во основните училишта се доведени во прифатливи стандарди во согласност со големината и потребите на училиштето.

Целна група на проектот беа учениците и вработените во основните училишта: „Александар Турунџев“, с. Кукуречани (Битола); „Гоце Делчев“, с. Ангелци (Василево); „Гоце Делчев“, с. Конче (Конче) и „Исмаил Ќемали“, с. Црнилиште (Долнени).  Директни корисници се  837 ученици и 96 вработени од четири основни училишта.

Постигнати резултати од проектот се: реализирана целосна реконструкција на просториите од првото ниво на училишната зграда во ОУ с. Кукуречани; реконструиран училишен објект (внатрешни ѕидови, плафон, под, пристапна рампа, електрика и греење) во ОУ с. Ангелци; и набавени нагледни средства и книги за библиотеките во ОУ с. Конче и ОУ с. Црнилиште.

Овa иницијатива претставува продолжение од претходните три години, односно Сокотаб од Швајцарија во соработка со своите партнери обезбеди нови средства за понатамошно реновирање/опремување на руралните училишта во региони каде преовладува производството на ориентален тутун.

На 14 декември во присуство на Министерот за образование, делегација од Турската амбасада, градоначалникот и голем број присутни од локалната заедница свечено беше пуштено во употреба реконструираното основно училиште во с.Ангелци, општина Василево.

Буџетот изнесува 5.171.570 МКД. Проектот е финансиран од Сокотаб  Франа СА од Швајцарија и неговите партнери.

Извршно резиме од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Qëllimet tona Kohezioni social