Набљудувањето и оценувањето се меѓу клучните фази во процесот на раководење со проектнот циклус. Овозможуваат во од да се разрешат дел од проблемите, го олеснуваат процесот на планирање на идните активности и ги прават видливи резултатите од активностите.
Набљудувањето е редовното собирање и анализа на информациите за напредокот при спроведувањето на проектот. Неговите функции се: документација на процесот на имплементација; олеснување на донесувањето на одлуки од страна на раководството; преземање поправни дејства и учење од искуството/подлога за планирањето.
Оценувањето може да го дефинираме како објективна проценка на тековен или завршен проект или програма, во смисла на влијанието и/или резултатите на вредноста која е одбрана за оваа проценка. Најчести причини да се примени оценување се: било планирано; потребна проверка на некоја одлука (на пример, продолжување на проект); има проблеми; политички прашања бараат одговор (на пример, влијание на програма за развој).
Содржина
Набљудување
- Набљудување на проекти/програми во сите фази на проектниот циклус;
- Задачи и одговорности во набљудувањето
- Показатели за набљудување;
- Дефинирање на потребата од информации и проток на информации;
- Техники за собирање на податоци и анализи;
- Организациско учење засновано на набљудување;
Оценување
- Вовед во проектно/програмско и организациско оценување;
- Критериуми за оценка;
- Клучни показатели за оценување;
- Алатки и инструменти за оценување;
- Опис на надлежности за оценување;
- Лекции за организациско учење и развој на политики.



Twitter
Del.icio.us
Technorati
Googlize this
Facebook


